четврток, 28. јули 2022. Вести денес: 181
home Вести

ВИДЕО: Над 800 килограми кокаин пронајдени во кутии со банани во супермаркети во Чешка

ВИДЕО: Над 800 килограми кокаин пронајдени во кутии со банани во супермаркети во Чешка

Локалната полиција заплени 840 килограми кокаин пронајдени во гајби со банани во супермаркети во два града во Чешка.

Вредноста на дрогата се проценува на 81 милион евра, соопшти вчера чешката полиција.

Вработените во супермаркетот во градовите Јичин и Рихнов над Књежној ја известиле полицијата откако пронашле сомнителна содржина во кутиите.

Полицијата соопшти дека пребарала и други места каде биле испорачани кутии од истата пратка.

Локалните медиуми јавија дека бананите пристигнале во Чешка од Колумбија.

Коронавирус