среда, 5. август 2020. Вести денес: 107
home Вести

ВИДЕО: Министерката за спорт на Франција евакуирана од полицијата од фудбалски натпревар

ВИДЕО: Министерката за спорт на Франција евакуирана од полицијата од фудбалски натпревар

Министерката за спорт на Франција, Роксана Маракинеану, беше принудена со полициска заштита да го напушти фудбалскиот натпревар во Сен Оуен меѓу француските екипи Ред Стар ( Црвена ѕвезда) и УС Кевили, заради вербалното насилство од страна на петнаесетина лица, јавува дописникот на МИА.

Министерката за спорт Роксана Маракинеану синоќа мораше да биде извлечена од стадионот Бауер во Сен Оуен (Сена-Сен Дени), каде што да присуствуваше на фудбалски натпревар од третата француска фудбалска лига.

На полувремето на средбата помеѓу Ред Стар и УС Квивили, околу министерката се формира толпа, во моментот кога таа кој разговараше со еден навивач на трибините.

-Имаше ефект на толпа, набрзо ситуацијата севлоши малку, со извици „ Макрон, оставка “ и полицијата„ ја презеде одговорноста за ексфилтрирање од стадионот “.

Видеото објавено на социјалните мрежи ја покажува министерката за спорт, која е вербално нападната од група навивачи присутни од другата страна на решетката за оградување на стадионот, како набрзина заминува во својот автомобил со извици и неколку фрлања на вода.

Придружбата на министерката се обиде да го минимизира настанот и соопшти дека немало „ништо сериозно“ наспроти една „не многу славна“ сцена.

Од своја страна, Ред Стар и изрази поддршка на Роксана Маракинеану видена од навивачите „како симбол на реформата и политиката против која тие очигледно се борат “ се вели во соопштението на клубот, објавено на неговата веб-страница. Клубот го осуди однесувањето на поединците присутни на стадионот и жали за заминувањето на министерот „заради неискажливи постапки на малцински дел на навивачи“. Клубот гарантира дека ќе бидат донесени „одлучни, но праведни“ одлуки против предизвикувачите на нередите.

Коронавирус