сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Лилјак предизвика паника меѓу патниците, пилотот го врати авионот во Индија

ВИДЕО: Лилјак предизвика паника меѓу патниците, пилотот го врати авионот во Индија

Авион на Ер Индија кој летал кон САД бил принуден да се врати во Њу Делхи откако патниците на летот доживеале блиска средба со лилјак.

На социјалните мрежи се шири видео снимка која стана вирална. На истата се гледа како екипажот и патниците шокирано и со неверување гледаат кон лилјакот кој се нашол на летот во Боинг 737.

Лилјакот бил забележан околу еден час по полетувањето, а капетанот одлучил авионот да го врати назад.

Официјалните лица од авикомпанијата изјавил дека по слетувањето авионот бил дезинфициран.

-Лилјакот е пронајден мртов во делот на бизнис класата, изјавиле од компанијата.

Коронавирус