понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 155
home Вести

ВИДЕО: Колорадо повторно на удар на силни пожари

Оваа година во Колорадо избија три големи пожари од кои два се уште се активни.
ВИДЕО: Колорадо повторно на удар на силни пожари

Пожарникарите се подготвуваат за повторно активно преземање дејства во Колорадо, каде силните ветрови ги разгоруваат пожарите.

Најголемиот пожар во „Камерон Пик“ зафатил површина од повеќе од 83.360 хектари, при што околу 57 проценти се под контрола.

Вториот по големина пожар зафатил површина од 68.797 хектари, а пожарникарите се уште не можат да го контролираат. Студеното време и слабиот ветер го намали неговото ширење, но се очекува повторно ветровите да се засилат.

Поголемиот дел од Колорадио е погоден од долга суша. Според прогнозите  викендов над ова подрачје се очекува снежна покривка од 25 сантиметри што би требало да им помогне на пожарникарите.

Коронавирус