петок, 10. јули 2020. Вести денес: 174
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Вести

Видео кое го крена светот на нозе: Полицаец нападна тинејџер во Австралија поради овие негови зборови

Видео кое го крена светот на нозе: Полицаец нападна тинејџер во Австралија поради овие негови зборови

Во Австралија се појави видео снимка на која се гледа како полицаец фрла едно момче на под, кое е припадник на домородските заедници.

Поради тоа, полицаецот е делумно суспендиран додека трае истрагата, објави Би Би Си.

Инцидентот заврши со апсење на тинејџерот, потоа и ослободување, а претходно бил однесен во болница на преглед.

Полицијата соопшти дека ќе го испита инцидентот, кој се случи вчера во предградие на Сиднеј, а откако снимката била објавена на Фејсбук, го привлекла вниманието на јавноста.

Австралиските медиуми објавија дека момчето има 16 или 17 години.

Инаку, критиките за полициското однесување кон домородните групи во Австралија се зголемија оваа недела, поттикнати од протестите поради смртта на Џорџ Флојд во САД, а протести се планираат и низ Австралија.

На видео снимката се гледа како тројца полицајци разговараат со група тинејџери на една патека. Откако тинејџерот, кој подоцна е уапсен, му рекол на полицаецот: „Ќе те удрам во вилицата, брат”, тој побарал од него да се сврти. Потоа го удрил во нозете и го фрлил на земја. Тројца офицери потоа го турнаа на подот и го уапсија.

Во австралиските затвори се наоѓаат околу 30 отсто домородци, додека во целото население се само три проценти.

Парламентарни избори 2020