четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

(ВИДЕО) Кинески војници ги чистеа улици во Хонг Конг по протестите

(ВИДЕО) Кинески војници ги чистеа улици во Хонг Конг по протестите

Кинеската народноослободителна армија ги изненади жителите на Хонг Конг кога нејзини припадници се појавија на улиците во маици и шорцеви, помагајќи им на жителите да ги исчистат остатоците по антивладините протести.

Според западни медиуми, присуството на војници на улиците, дури и за да помагаат во расчистување на патишта во близина на нивната база, би можеле да ги ублажат понатамошните полемики околу автономниот статус на таа кинеска територија.

Расчистувањето следува по полициската акција од петокот против демонстрантите на кинескиот универзитет, каде што дел од демонстрантите продолжуваат да го блокираат пристапот.

Продемократските организации веруваат дека операцијата за расчистување би можела да биде сериозен преседан ако градските власти ја повикаат војската да се справи со внатрешните проблеми.

Безбедносните аналитичари проценуваат дека околу Хонг Конг се стационирани околу 12.000 војници – повеќе од двојно над вообичаениот број.