вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 82
home Вести

ВИДЕО: Како Сирија ги соборуваше ракетите?

ВИДЕО: Како Сирија ги соборуваше ракетите?

На воени и цивилни објекти во Сирија рано наутро беа испалени повеќе од 100 ракети и ракети од типот „воздух – земја“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.Сиријската противвоздушна одбрана соборила голем број од ракетите, соопшти министерството. Ракетите беа лансирани од американските бродови кои се позиционирани во Црвеното море, како и од бомбардерот Б-1Б.

На оваа снимка е прикажно делувањето на сиријската противвоздушна одбрана, а потоа се слуша погодок.

– Бог да те благослови, Бог да те благослови – се слуша човек кој тоа постојано го повторува откако противводузшниот проектил ја погодува ракетата. Ова е пропратено со бучна ексползија.

Според извештаите на сиријската војска, соборени се најмалку 20 американски, британски и француски ракети. На брифингот во Пентагон не ја коментарале оваа бројка.

Според дописникот на „Спутинк“ американските удари не ја погодиле палатата на претседателот, ниту владините згради во Дамаск.

Сиријската војска користи ПВО системи С-125, С-200, „Бук“ и „Квадрат“ кои се произведени пред повеќе од 30 години во Советскиот сојуз.

Русија соопшти дека не користела сопствени противвоздушни сили за одбрана на сириските цели од нападот на САД и нивните сојузници, додаде руското Министерство.

Од друга страна пак, од француското министерство за одбрана соопштија дека сите авиони на таа земја полетале од територијата на Франција.

Коронавирус