четврток, 20. јуни 2019. Вести денес: 88
home Вести

ВИДЕО: Исплива нова морничава сника од падот на авионот во Москва- леталото отскокнува како топка на пистата

ВИДЕО: Исплива нова морничава сника од падот на авионот во Москва- леталото отскокнува како топка на пистата

Десет дена после стравичната несреќа на московскиот аеродром Шерметјево се појави нова снимка од принудното слетување на рускиот патнички авион после што авионот се запали и настрадаа 41 лица.

На снимката се гледа како пилотот дури по вториот обид успева да го приземји авионот, а пред тоа неколку пати се одбива од пистата како топка. После „тврдото“ слетување, задниот дел од автомобилот се запалува, за потоа да настрадаат толку лица.

Капетанот на летото Денис Евдокимов рекол за руските медиуми дека авионот полетал во Мурманск со 73 патници и пет членови на екипажот, а морал прислно да слета бидејќи инструментите престанале да работат поради удар од молња.

Тој кажал дека авионот се запалил поради што при приземјувањето со сета сила удрил во тлото, а се верува дека причина е тоа што резервоарите биле полни со гориво.