среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Исламистите ја потврдија смртта на Багдади и го објавија името на новиот лидер – никој не знае кој е он

ВИДЕО: Исламистите ја потврдија смртта на Багдади и го објавија името на новиот лидер – никој не знае кој е он

Исламската држава ја потврди смртта на својот лидер Абу Бакр ал Багдади и го именуваше Абу Ибрахим ал Хашимиј ал Курашиј за свој нов лидер – непознато име кое би можело да биде псевдоним.

Џихадистите исто така ја потврдиле смртта на својот поранешен портпарол Абу Хасан ал Мухаџир во одвоена операција. Денешната порака е вистинска официјална изјава на Исламската држава откако Доналд Трамп пред пет дена ја најави смртта на Багдади.

-Жалиме поради вас…заповедници на верниците – рекол новиот портпарол на ИД, Абу Хамза ал Кураши.

Меѓутоа, екстремистите ја предупредиле Америка да не се радува на смртта на двајцата високи припадници на ИД.

-Америко, зарем не сфаќате дека Исламската држава ссега е на чело на Европа и западна Африка? Тоа е продолжено од исток до запад – се наведува во соопштението.

Фанатиците на ИД се повикани да се заколнат на поданост на новиот калиф, кој нема преостаната територија на ИД над која може да владее.

На следбениците на ИД им е кажано да ги почитуваат зборовите на Багдади кои ги напишал во својата последна порака во септември, кога ги повикал да ги ослободат затворениците на ИД од затворите.

Експерт за тероризам Рита Кац рекла дека пораката покажува дека ИД активностите се „живи и здрави“ и покрај смртта на Багдади.

 

Коронавирус