недела, 29. март 2020. Вести денес: 41
Во живо

Во 12 часот прес-конференција на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Видео: Фолксваген и Ауди ги „променија“ амблемите заради коронавирусот

Видео: Фолксваген и Ауди ги „променија“ амблемите заради коронавирусот

Германските автомобилски гиганти на сликовит начин ја подржаа кампањата за социјално дистанцирање за време на пандемијата на коронавирусот.

Светската здравствена организација, владите ширум светот, а и многу популарни личности апелираат овие денови во медиумите и на социјалните мрежи на неопходно држења на дистанца помеѓу луѓето, за да се намали можноста за пренесување на вирусот.

На кампањата и се приклучија големите германски произведувачи на автомобили, Фолксваген и Ауди, кои на симболичен начин со привремена промена на распоредот на елементите на своите амблеми, покажаа колку за сите нас е важно социјалното дистанцирање овие денови.

Фолксваген ги раздвои буквите „V“ и „W“ на својот амблем и сликовито прикажа дека е неопходно да се држи дистанца:

Ауди во апелот се вклучи на сличен начин, раздвојувајќи ги четирите испреплетени прстени на своето прочуено лого: