недела, 5. јули 2020. Вести денес: 139
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

(ВИДЕО) Етна денеска еруптираше: Исфрла огромни количини пепел, регистрирани 130 верижни земјотреси

(ВИДЕО) Етна денеска еруптираше: Исфрла огромни количини пепел, регистрирани 130 верижни земјотреси

Италијанската планина Етна, најголемиот и најактивен вулкан во Европа, еруптираше денеска и исфрли големи количини пепел во воздухот и поради што е затворен аеродромот во Катанија, на источниот брег на Сицилија, пренесе Ројтерс.

Околу 130 верижни земјотреси го активираа денес вулканот, извести италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија, со потреси со магнитуда од 4,0 степени.

За сега нема информации за повредени.

Вулканот висок 3.330 метри може спектакуларно да еруптира неколку пати годишно, фрлајќи лава и пепел високо над медитеранскиот остров. Последна голема ерупција се случила во 1992 година.

 

Парламентарни избори 2020