вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 203
home Вести

ВИДЕО: Експретседателот на Киргистан ѝ се спротистави на полицијата- „Јас пукав во специјалците“

ВИДЕО: Експретседателот на Киргистан ѝ се спротистави на полицијата- „Јас пукав во специјалците“

Поранешниот претседател на Киргистан, Алмазбек Атамбајев признал дека тој пукал во припадниците на специјалните единиц, кои се движеле кон неговата резиденција.

„Моите приврзаници немаа оружје. Јас сум тој кој пукаше при нападот“, рекол Атамбајев на новинарите истакнувајќи дека немал намера некој да повреди.

Тој додал дека сакал да помогне во ослободувањето на припадниците на специјалните единици Алфа кои ги заробиле неговите приврзаници и кои се наоѓаат во притвор во неговата резиденција во селото Кои Таш.

Киргистанската специјална единица вчера покренала операција за апсење на Атамбајев, осомничен за корупција.

Меѓутоа, неговите приврзаници пружиле отпор после што еден припадник на специјалните единици бил убиен, а 52 лица се повредени, меѓу кои и новинари.

Актуелниот киргистански претедател Собонај Женбеков изјавил денеска дека Атамбајев го прекршил Уставот пружајќи отпот на претставниците на законот да го уапсат.

Коронавирус