среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Вести

ВИДЕО: Експлозија на цевка за парно, асфалтот летал во воздух

ВИДЕО: Експлозија на цевка за парно, асфалтот летал во воздух

Пет луѓе се полесно повредени, меѓу кои тројца цивили, кога цевка за парно експлодирала под Петтата авенија во центарот на Менхентен во Њујорк, јавува АП.

Од експлозијата парчиња асфалт летале во воздух, а потоа се појавил и гејзер кој испуштал бела пареа во висина од 10 катови, што довело до евакуација на станарите во зградата.

Компанијата која е сопственик на цевката, „Кон ед“, им порача на луѓето кои биле во близина на експлозијата, поради азбестот, да се искапат доколку материјал од цевката паднал на нив.

Експлозијии на цевки за парно во јули 2007. и во август 1989. година, однеле по една жртва.

Слични експлозии оваа година го привлекоа вниманието на староста на инсфрактурата под улиците на најголемиот американски град. Цевката која експлодирала е инсталирана во 1932. година.

На Менхетен се наоѓа мрежа за парно која е долга повеќе од 150 километри, од каде што се грејат илјадници згради.