недела, 20. септември 2020. Вести денес: 63
home Вести

Видео: Брутално апсење на жена во Мелбурн поради неносење маска

Видео: Брутално апсење на жена во Мелбурн поради неносење маска

Австралиски полицаец брутално апси жена во Мелбурн која не ја почитувала наредбата за носење на маска на лицето .

Откако на интернет започна да се споделува видео од насилното апсење на една жена во Мелбурн поради не носење маска, австралиската полиција морала со соопштение да ги објасни своите постапки.

Во видеото може да се види како полицаецот силно ја турка жената кон ѕид држајќи ја раката на нејзиниот врат., потоа тој и ја турка жената на земја.

Полицијата во своето соопштение наведува дека полицајци при редовна патрола на улицата Велингтон околу 17 часот забележале 21 годишна жена која оди по улица без заштитна маска на лицето. Одлучиле да ја уапсат откако таа одбила да им го каже своето име и презиме и адреса на живеење.

Имено, државата Викторија во неделата воведе вонредна состојба поради зголемениот број на заразени, а жителите на Мелбурн веќе некое време мораат да носат маски при секое излегување од своите домови. Казната за неносење маска изнесува 120 евра.

Во видеото може да се слушне како младата девојка му вика на полицаецот „ме гушиш“ , „симни се од мене“, додека тој ги држи рацете на нејзиниот врат и ја турка кон ѕидот.

По апсењето и бруталното приведување полицијата го потврдила идентитетот на деовјката.Таа сега се сомничи за напад на полицијата и давање на отпор при апсење. Девојката е пуштена да се брани од слобода со кауција и ќе биде повикана на суд кога ќе биде закажано рочиштето. Интересно девојката не добила казна за неносење маска бидејќи имала дозвола за неносење.

Коронавирус