вторник, 2. март 2021. Вести денес: 184
home Вести

ВИДЕО: Бил Клинтон задрема за време на инаугурацијата на Бајден

ВИДЕО: Бил Клинтон задрема за време на инаугурацијата на Бајден

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон, во периодот од 1993 до 2001 година, задрема за време на вчерашната инаугурација на 46. претседател на САД, Џо Бајден, пишува „Њујорк пост“.

Во кратко видео, кое се прошири низ социјалните мрежи, се гледа како Бил Клинтон не може да ги задржи очите отворени, а неговата глава постепено се наведнува надолу кон градите, додека трае инаугурацијата во Вашингтон.

Клинтон на церемонијата седеше до својата сопруга Хилари, меѓу останатите поканети официјални лица.

Коронавирус