петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

(ВИДЕО) Баксуз на денот: Комбе полно со дрога се заби во полициски возила

(ВИДЕО) Баксуз на денот: Комбе полно со дрога се заби во полициски возила

Полицијата во Австралија ја изведе една од најлесните заплени на дрога кога комбе со пакети метамфетамин во вредност од повеќе 200 милиони долари се забил во две полициски патролни возила паркирани пред полициска станица во Сиднеј, пренесува ББС.

Тоа беше една од најлесните заплени на дрога што е некогаш изведена во Нов Јужен Велс – изјави портпаролот на полицијата Глин Бејкер.

Тој донекаде изрази и жалење и рече дека овој човек мора да имал многу лош ден. Да удриш во полициски автомобил со толкава количина на дрога во сопствено возило е нечуено и мисли дека станува збор за сплет на многу лоши околности.

Инцидентот се случил во понеделник пред полициската станица Иствуд во северозападниот дел на Сиднеј. Еден час подоцна полицаец го запрел комбето во блиското предградие Рид.

Во возилото се пронајдени 13 кутии со 273 килограми метамфетамин вредни повеќе од 200 милиони долари – стои во соопштението на полицијата и се додава дека никој не бил повреден.

 

 

Коронавирус