вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 139
home Вести

ВИДЕО: Автомобил влета во летна тераса на кафуле во Париз, најмалку еден загинат

ВИДЕО: Автомобил влета во летна тераса на кафуле во Париз, најмалку еден загинат

Најмалку едно лице загина, а шест се повредени доцна синоќа во Париз откако автомобил влета на терасата на едно кафуле, јавуваат локалните медиуми.

Поточно до несреќата дошло кога автомобил удрил во паркирано возило веднаш до кафулето, кое од силината на ударот се превртело и влетало во кафулето каде имало гости.

Во тешка состојба се наоѓа совозачот, додека возачот кој ја предизвикал целата несреќа побегнал од местото.

Инцидентот се води како несреќен случај, пренесува Ројтерс.

Коронавирус