вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 19
home Вести

ВИДЕО: 4 годишно дете спасено под рушевини од урната зграда, спасувачите поздравени со аплауз

ВИДЕО: 4 годишно дете спасено под рушевини од урната зграда, спасувачите поздравени со аплауз

Спасувачите вчера извлекле четири годишно дете од под рушевините на станбена зграда која еден ден претходно се сруши во Индија, при што починаа 13 лица, а се трага по 60.

Собраните луѓе, кои ја следен акцијата за спасување, со силен аплауз го поздравиле извлекувањето на детето на површина. Спасувачите го ставиле на носилки и го однеле во возило на Итна помош.

Досега спасувачките екипи пронајдоа 13 тела во рушевините од зградата во која имало 47 станови.

-Десетина лица се уште се затрупани, но никој точно не знае колку се, изјавил за АФП челникот на полицијата во Махада.

Властите стравувале дека под рушевините имала околу 200 луѓе, колку што живееле во зградата, но за среќа голем број од нив не биле во своите домови за време на несреќата.

Коронавирус