петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Ветерниците во Германија заради силната бура произвеле струја како 44 нуклеарни електрани

Ветерниците во Германија заради силната бура произвеле струја како 44 нуклеарни електрани

Најмалку седум лица погинаа во бурата која експресно мина низ Европа и сега тргна кон исток. Таа го попречи нормалниот сообраќај и илјадници лица истави без електрична енергија, јави Би-Би-Си.

Таа, сепак, заради огромната брзина на ветровите донесе и неочекуван профит за Германија. Имено, турбините на ветерниците вртеле со толку голема брзина што од нив била произведена струја со еквивалент на таа што ја произведуваат 44 нуклеарни електрани, јави Би-Би-Си.

Силниот ветар во Полска симна кров од една подавница при што погинаа една жена и нејзините две ќерки, а таткото бил повреден.

Еден маж погинал кога му се превртел чамецот во Шведска, а друго лице исчезнало. Две лица погинале во своите автомобили, едното во Германија, а второто во Словенија.

На островот Корзика биле регистрирани ветришта со брзина од 220 километри на час, пропратени со силни дождови и поплави. Тамошните власти  изјавиле дека силните ветрови го прошириле пожарот на островот, а пристаништата во Корзика денеска се затворени.

Ветар со бризина од над 200 километри на час бил измерен и на северот од Италија, каде една 71-годишна жена од Ломбардија погинала кога била погодена од остатоци од покрив.

Коронавирус