сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 51
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Вести

Венецуела потона во мрак: 21 држава остана без електрична енергија

Венецуела потона во мрак: 21 држава остана без електрична енергија

Во 21 од вкупно 23 сојузни држави во Венецуела вчера потонаа во мрак поради саботажа во главната електроцентрала Гури, се наведува во извештајот на Националната корпорација за електрична енергија.

И главниот град на Венецуела, Каракас остана без електрична енергија, нема метро, како и телефонски и интернет услуги.

– Саботиран е централниот генератор… тоа е дел од војната против државата. Ние нема да го дозволиме тоа и работиме на повторно воспоставување на системот за електрична енергија, се наведува во соопштението на  Националната корпорација за електрична енергија

Прекините во снабдувањето со електрична енергија се чести во Венецуела. Според експертите тоа е поради недостиг на инвестиции во инфраструктурата, додека властите тврдат дека се саботира системот за електрична енергија.

Пред неколку години претседателот на Венецуела, Николас Мадуро нареди армијата да ги чува хидроелектричните генератори, но и покрај тоа повторно има прекини во снабдувањето со електрична енергија. (МИА)

Коронавирус