среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 18
home Вести

Велика Британија ќе отвора воена база во Оман

Велика Британија ќе отвора воена база во Оман

Велика Британија во текот на март 2019 година ќе отвори воена тренинг база во Оман, како дел од нејзините напори за зајакнување на односите со сојузниците во регионот на Персискиот Залив, најави британскиот министер за одбраnа Гевин Вилијамсон.

– Нашите односи со Оман се базираат на вековна соработка, а сега ги зацврстуваме за наредните години со отворање на оваа нова база, изјави Вилијасон, кој престојува во посета на Оман.

Тоа ќе биде втора британска воена база во регионот, откако претходно Велика Британија отвори база и во Бахреин, во време на зголемени тензии и несогласувања во Персискиот Залив.

МИА

Коронавирус