понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 22
home Вести

Велика Британија ја симна Шпанија од списокот на безбедни земји во екот на пандемијата

Велика Британија ја симна Шпанија од списокот на безбедни земји во екот на пандемијата

Велика Британија ги посоветува своите државјани да не патуваат во Шпанија откако во оваа земја дојде до драстично зголемувањето на бројот на заразени од коронавирус и ја отстрани од списокот на безбедни места што можат да ги посетат.

Британското Министерство за транспорт синоќа издаде соопштение во кое предупредува дека сите што од полноќ ќе се вратат од одмор од Шпанија ќе мора да се самоизолираат.

„По значителната минатонеделна промена во бројот и темпото на раст на заразени Шпанија е отстранета од списокот на земји од кои луѓето можат да се вратат во Велика Британија без самоизолација“, се вели во соопштението.

Владата апелираше до луѓето кои веќе се на одмор во Шпанија да се вратат дома, како и да ги следат информациите и советите на министерството.

„Заштитата на јавното здравство е наш апсолутен приоритет и ја донесовме оваа одлука да го ограничиме значајното ширење на инфекцијата во Велика Британија“, соопшти британското министерство.

Во Шпанија, во последните два дена дневно се регистрираат повеќе од 900 нови инфекции. Шпанските власти предупредуваат дека земјата може да се соочи со втор бран на инфекцијата.

Коронавирус