сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 79
home Вести

Велика Британија и Турција се подготвуваат утре да склучат договор за слободна трговија

Велика Британија и Турција се подготвуваат утре да склучат договор за слободна трговија

Велика Британија и Турција се подготвуваат да склучат договор за слободна трговија во вторник, јавија британски медиуми, повикувајќи се на соопштение на британското Министерство за меѓународна трговија. Тоа ќе биде прв договор откако премиерот Борис Џонсон постигна нов трговски договор со ЕУ.

Двете страни ќе потпишат договор во согласност со постојните трговски услови меѓу Анкара и Лондон, се вели во соопштението. Министерката за меѓународна трговија Елизабет Трас изрази надеж дека наскоро може да се постигне и дополнителен договор.

– Договорот, што ќе биде потпишан оваа недела, гарантира отсуство на царини и ќе обезбеди сигурност на илјадници работни места во британската индустрија, рече Трас.

Трговските врски меѓу двете земји во 2019 година изнесуваа 25,25 милијарди долари. Велика Британија соопшти дека тоа е петта по големина зделка што ја договорило Министерството по договорите со Јапонија, Канада, Швајцарија и Норвешка. Лондон веќе потпиша трговски договори со 62 земји, што ќе важат по завршувањето на преодниот период за брегзит на 1 јануари следната година.

Коронавирус