сабота, 28. март 2020. Вести денес: 108
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Велика Британија и Турција ја забрзуваат работата на проектот за производство на авиони ловци

Велика Британија и Турција ја забрзуваат работата на проектот за производство на авиони ловци

Турција и Велика Британија се договориле да ја забрзаат работата на проектот за производство на авиони ловци, соопшти министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу за телевизијата „A Haber“, пренесоа британските медиуми.

Двете држави во 2017 година постигнаа договор вреден 133 милиони долари за разработка на турски авиони ловци.

Турската компанија „Kale Group“ соошти дека создава заедничка компанија со „Ролс-Ројс“ (Rolls-Royce) што ќе работи на проектот.

„Ролс-Ројс“ во март годинава соопшти дека ги намали своите активности во оваа програма.