четврток, 28. септември 2023. Вести денес: 91
home Вести

Велика Британија го отповика амбасадорот од Белорусија на консултации

Велика Британија го отповика амбасадорот од Белорусија на консултации

Шефот на британската дипломатија Доминик Раб изјави дека привремено го повлекува амбасадорот од Белорусија на консултации.

– Велика Британија ја осудува одлуката на Белорусија за протерување на полските и литванските дипломати, напиша Раб на Твитер.

Тој додаде дека британскиот амбасадор е повикан на консулатации од солидарност и поради ситуацијата во Белорусија.

И Романија објави дека го повикала својот амбасадор од Белорусија на консултации во знак на солидарност со Полска и со Литванја

Варшава и Вилнус претходно соопштија дека ги повикале своите амбасадори од Минск на консултации, откако Белорусија минатата недела објави дека ги отповика своите амбасадори од Полска и од Литванија.