четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 211
Во живо

Мицкоски на средби со граѓаните во Тетово

home Вести

Велика Британија бележи најмал број на починати и заразени од крајот на март

Велика Британија бележи најмал број на починати и заразени од крајот на март

Велика Британија вчера регистрираше 111 смртни случаи како последица од коронавирус.

Овие бројки се најмали откако на сила стапија рестриктивните мерки за карантин од 23 март, соопшти британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

Тој додава дека вчера е регистриран и најмал број на новозаразени лица од 27 март, односно 1.570 случаи.

Вкупниот број на починати лица, според податоците изјавени од официјални лица, е 39.045.

Информациите од сајтот Worldometers покажуваат дека во Велика Британија заразени со Ковид-19 се вкупно 276.332 лица.

Парламентарни избори 2020