четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 85
home Вести

Велигденската вечера се претворила во пекол: Го повикала поранешното момче во стан, па го запалила и оставила да изгори

Шивон Перез го повикала своето поранешно момче на вечера во својот стан и го замолила да ја поправи цевката во тоалетот која била расипана.
Велигденската вечера се претворила во пекол: Го повикала поранешното момче во стан, па го запалила и оставила да изгори

Велигденската вечера се претворила во пекол за маж од американскиот град Алтамонт Спрингс на Флорида, откако неговата поранешна девојка го запалила и оставила да изгори.

Шивон Перез го повикала своето поранешно момче на вечера во својот стан и го замолила да ја поправи цевката во тоалетот која била расипана. Кога легнал тој на подот за полесно да ја поправи цевката, Перез го полила со бензин и запалила.

Потоа го заклучила и пробала да го задржи да не излезе од куќата, но тој на среќа успеал да побегне. Однесен е во болница со тешки изгореници на градниот кош, вратот и лицето.

Перез е уапсена после излегувањето од болница, каде завршила поради голтањето чад. Таа е обвинета за убиство со предумисла.

 

Коронавирус