четврток, 4. март 2021. Вести денес: 100
home Вести

„Вашингтон пост“: Трамп има нов план против неговото отповикување

„Вашингтон пост“: Трамп има нов план против неговото отповикување

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп има нов план за борба против отповикувањето, за што Сенатот треба да дебатира на почетокот од февруари, обави „Вашингтон пост“.

Одлуката на сенаторите за Трамп би можело да го доведат под прашање неговото идно дејствување и можната кандидатура на следните претседателски избори.

Весникот наведува дека Трамп на републиканците кои би гласале против него во Сенатот би можел да му се закани со формирање на нова партија, како и дека ќе ги поддржи своите кандидати против републиканците на следните избори.

– Поради тоа Трамп, кој во предлогот за отповикување, усвоен во Претставничкиот дом на Конгресот, обвинет е за поттикнување на бунт, е подготвен за борба како би ги убедил своите партиски колеги да не ги подддржат демократите во гласањето против него, наведува „Вашингтон пост“.

За Трамп да биде отповикан потребно е на демократите да им се придружат 17 сенатори републиканци.

„Вашингтон пост“ истакнува дека Трамп располага со 70 милиони долари, останати од претседателската кампања, кои би ги вложил во своите намери.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес претходно изгласа отповикување на Трамп под обвинение за поттикнување на бунт, поради немирите на 6 јануари, кога неговите приврзаници упаднаа во Конгресот.

Коронавирус