четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 131
home Вести

„Вашингтон пост“: Помпео имал тајна средба со Ким Џонг-ун

„Вашингтон пост“: Помпео имал тајна средба со Ким Џонг-ун

Мајк Помпео, номиниран за функцијата државен секретар на САД, за време на велигденските празници заминал во тајна посета на Северна Кореја и се сретнал со лидерот Ким Џонг-ун, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се два два, добро упатени извора.

Целта на средбата била да се постават основи за директни преговори меѓу Трамп и Ким за севернокорејската нуклеарна програма.

Американскиот претседател вчера изјави дека биле спроведени преговори на „многу високо ниво“, беа да соопшти дриги детали.

– И ние започнавме директни разговори со Северна Кореја, изјави Трамп за време на фото-сесијата со јапонскиот премиер Шинѕо Абе.

– Водиме преговори на исклучително високо ниво…и се надеваме дека ќе се случат убави работи, изјави Трамп и дополни дека на крајот се важни само резултатите, а не фактот дека се планира средба или самото нејзино одржување

МИА

Коронавирус