четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 180
home Вести

„Вашингтон пост“ го тужи Стејт департментот

„Вашингтон пост“ го тужи Стејт департментот

Американскиот дневен весник „Вашингтон пост“ поднесе тужба против Стејт департментот откако му беше одбиено барањето за увид во документите за безбедност во лабораторијата за истражување во кинекиот град Вухан, од каде почна пандемијата со новиот коронавирус.

Тужбата е поднесена до Окружниот суд на САД во Вашингтон и се однесува на две депеши, што американските дипломати ги испратија до Стејт департментот по посетата на американските научници на Институтот за вирусологија во Вухан.

„Вашингтон пост“ се повикува на Законот за пристап до информации и побара да се објават депешите, но Стејт департментот одби со образложение дека нема „јасна потреба“ за тоа.

Коронавирус