петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 139
home Вести

Вашингтон ги повика Американците да избегнуваат да патуваат во Кина

Вашингтон ги повика Американците да избегнуваат да патуваат во Кина

Стејт департментот ги предупреди Американците да избегнуваат да патуваат во Кина поради ширење на коронавирусот и го подигна предупредувањето за патување во таа земја на трето ниво.

Како што се наведува во соопштението од Стејт департментот, патувањето во Кина треба да се преиспита поради новиот вид коронавирус кој првпат се појави во Вухан, истакнувајќи дека во некои области ризикот е зголемен, а кинеските здравствени власти  пријавиле илјадници случаи заболени низ Кина.

Американскиот Центар за контрола и спречување болести издаде предупредување за патување од трето ниво, наведувајќи дека треба да се избегнува секое патување во Кина кое не е неопходно. Притоа се посочува дека кинеските власти воведоа карантин и го ограничуваат патувањето низ земјата.

За провинцијата Хебеј, каде што главен град е Вухан, издадено е највисоко предупредување од четврто ниво во кое се советува воопшто да не се патува таму поради коронавирусот.

Коронавирус