вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 74
home Вести

Вануату ја евакуира целата популација од еден остров

Вануату ја евакуира целата популација од еден остров

Островската држава во Тихиот Океан, Вануату подготвува план за трајна евакуација на целокупното население од еден од своите острови во момент кога дебел слој пепел, што се исфрла од тамошен вулкан, уништува посеви, загадува извори и воздух.

Околу 10.000 луѓе, колку што се останати на островот Амбае, имаат измешани чувства во врска со тој план, бидејќи дел од нив се спротивставуваат на заминувањето поради стравот да не останат без земја и култура.

Тој остров е привремено евакуиран во септември кога почна циклусот ерупции, но, овојпат властите планираат трајна евакуација.

Портпарол на Владата очекува Советот на министри да го одобрат планот за евакуација до идната недела со напомена дека на жителите ќе им биде понудено сместување на два соседни острови.

(Миа)

Коронавирус