среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 131
home Вести

Вакцината против Ковид-19 на кинеската „Синофарм“ е ефикасна 79 отсто

Вакцината против Ковид-19 на кинеската „Синофарм“ е ефикасна 79 отсто

Кинеската фармацевтска компанија Синофарм објави дека една од нејзините вакцини против Ковид-19 покажала ефикасност кај 79,34 проценти од оние кои биле во клиничките испитувања.

Тој процент е помал од американските конкуренти „Фајзер“ и „Модерна“. За споредба, Фајзер тврди дека нивната вакцина е ефикасна 95 отсто, а Модерна – 94,1 отсто.

Британската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ објави дека вакцината, што ја разви заедно со Универзитетот во Оксфорд, покажала ефикасност кај 70 проценти од вакцинираните. Сепак, ефективноста може да достигне 100 проценти со две дози.

Коронавирус