сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 8
home Вести

Вакцината против коронавирусот на Модерна предизвикува силен имунолошки одговор кај деца од шест до 11 години

Вакцината против коронавирусот на Модерна предизвикува силен имунолошки одговор кај деца од шест до 11 години

Компанијата Модерна денеска објави позитивни резултати од својата вакцина против Ковид-19 кај деца на возраст од шест до 11 години, кои наскоро ќе ги достави до регулаторните тела во светот за одобрување.

Клиничките испитувања спроведени на повеќе од 4.700 деца на таа возраст покажуваат „робустен“ имунолошки одговор во однос на антителата, „поволен безбедносен профил“ и препарат што генерално добро се поднесува, се вели во соопштението на Модерна.

Најчестите несакани ефекти се замор, главоболка, температура и болка во раката каде што е примена инјекцијата.

– Брзаме да ги доставиме податоците до светските регулаторни агенции, изјави шефот на Модерна, Стефан Бансел.

Дозата за деца е приспособена на 50 микрограми, во споредба со 100 микрограми за постарите. Доза од 50 микрограми е избрана и за засилувачка доза на Модерна за постари лица, која неодамна беше одобрена во САД.

Овој резултат значи дека наскоро во САД можат да бидат на располагање две вакцини против Ковид-19 за помали деца.

Американската агенција за лекови (ФДА) треба утре да се состане за да го разгледа барањето за одобрение за употреба на вакцината на Фајзер за деца на возраст од пет до 11 години.

Модерна паралелно спроведува клинички испитувања на уште помали деца меѓу шест месеци и пет години.

Коронавирус