сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 39
home Вести

Вакцинацијата против Ковид-19 се спроведува во 138 земји низ светот – Македонија чека!

Вакцинацијата против Ковид-19 се спроведува во 138 земји низ светот – Македонија чека!

Најмалку 138 земји низ целиот свет започнаа кампањи за вакцинација против Ковид-19. Чиле моментно има најголем успех со вакцинирањето по глава на жител меѓу земјите со над еден милион луѓе.

Оваа јужноамериканска држава во последните седум дена давала просечно по 1.299 дози дневно на 100.000 луѓе, покажуваат резултатите од вакцинацијата врз основа на податоците собрани од Универзитетот Оксфорд.

Вообичаено побогатите и поразвиените земји имаат подобар пристап до вакцините бидејќи имаат поефикасна инфраструктура во здравствениот систем, што им овозможува да произведуваат, стекнуваат и доставуваат дози. Околу 62 отсто од луѓето кои примиле барем една доза од вакцината се од земји со високи приходи, а најмалку 60 проценти се од Европа и Северна Америка. Податоците не ги вклучуваат земјите кои само го пријавуваат вкупниот број на дози, без да го наведат бројот на вакцинирани граѓани.

За повеќето вакцини против Ковид-19 потребно е да се примат две дози, вклучувајќи ги и оние на АстраЗенека, Модерна и Фајзер/БиоНТек. Вакцината за Џонсон и Џонсон бара само една доза. (МИА)

Македонскиот народ уште чека Владата да покаже способност и сериозност за да набави вакцини.

Коронавирус