петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 143
home Вести

Вака полицијата го изрешета убиецот: Херман убил луѓе само неколку дена по излез од затвор (ВИДЕО)

Вака полицијата го изрешета убиецот: Херман убил луѓе само неколку дена по излез од затвор (ВИДЕО)

На интернет е објавено видео од убиството на напаѓачот кој во Лиеж, Белгија уби двајца полицајци и еден случаен минувач и рани уште две лица.

Белгија нападот го истражува како терористички.

Двајцата полицајци и случајниот минувач се убиени во пукотница во центарот на Лиеж, при што се ранети уште двајца полицајци. Напаѓачот е идентификуван како 36- годишниот Бенџамин Херман, екс затвореник, човек кој пред само неколку дена излегол од затвор.

Херман издржувал повеќе затворски казни, но не бил познат по радикализмот. Затворениците го опишале како „насилна личност“ .

Обвинителството испитува дали тој се радикализирал за време на престојот во затворот.

Мажот додека пукал викал „Алах екбер“, при пукањето Херман киднапирал и една жена вработена во средно училиште.

Белгиското обвинителство го истражува инцидентот во кој се убиени три лица како терористички напад, соопшти попладнево , локалниот јавен обвинител.

Коронавирус