вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 79
home Вести

Вака Корејците го дочекаа Ким: Телевизиите емитуваа во живо, а жените плачеа (ВИДЕО)

Вака Корејците го дочекаа Ким: Телевизиите емитуваа во живо, а жените плачеа (ВИДЕО)

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун не успеа да постигне договор до Трамп за денуклеаризација во Виетнам, но по враќање во својата земја граѓаните му приредија величествен пречек.

Зашто патувал со воз, патот му одземал три дена, а за цело време известувала локалната телевизија.

На железничката станица имало голем број на луѓе, а жените носеле цвеќе и со нетрпение го очекувале Ким.

Кога се појавил, почнале да му мавтаат и плачат, а момче и девојче му подариле букет на Ким.

Потоа Ким влегол во својата лимузина и заминал во претседателската палата.