петок, 13. декември 2019. Вести денес: 122
home Вести

Ужас во Хрватска: Огромно невреме направи хаос

Ужас во Хрватска: Огромно невреме направи хаос

Хрватска е погодена од бура, која создава големи проблеми во сообраќајот, посебно на приморјето каде дува многу силен ветер.

На Јадранската магистрала можни се одрони, па возачите се предупредуваат да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот.

Пожарникарските служби се на терен, каде интервенираат поради паднати стебла на сообраќајници во Дубровник и околината на градот. Во текот на днеот во Дубровник брзината на ветрот достигна и 143 километри во час.

Слично невреме го погоди и Сплит, каде ветрот корне дрвја и поместува контејнери. Од бурата падна и фасадата на едно сплитско училиште, пренесува хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Невремето предизвика проблеми и за населението во подрачјето на Шибеник, каде во одредени подрачја наврнаа дури 30 литри дожд на метар квадратен.

Метеоролозите предвидуваат дека слично време ќе се задржи и во текот на ноќта и утрешниот ден. (МИА)