петок, 14. мај 2021. Вести денес: 117
home Вести

УЖАС ВО ЕКВАТОРИЈАЛНА ГВИНЕЈА: Најмалку 98 загинати и над 600 повредени во експлозии од невнимание

УЖАС ВО ЕКВАТОРИЈАЛНА ГВИНЕЈА: Најмалку 98 загинати и над 600 повредени во експлозии од невнимание

Најмалку 98 лица загинаа, а повеќе од 600 се повредени во експлозии поради „невнимание“ кои вчера уништија воен камп и куќи во Бата во Екваторијална Гвинеја.

Сè уште се трага по повредени и жртви од под урнатините на објектите.

Локалното Министерство за здравство соопшти дела 299 повредени се во болница.

Четири големи експлозии уништија згради во воениот камп во Бата, како и голем број куќи во областа.

Претседателот на Екваторијална Гвинеја Теодоро Обијанг Нгема информира дека се работи за „несреќа поради небрежност на единицата задолжена за складирање експлозиви, динамит и муниција“. Тој додаде дека во експлозиите се оштетени речиси сите куќи и згради во Бата, град со малку повеќе од 250.000 жители.

Коронавирус