недела, 5. април 2020. Вести денес: 103
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Ужас во близина на „Дизни“, пронајдени се четири мртви тела

Ужас во близина на „Дизни“, пронајдени се четири мртви тела

Полицијата од Флорида соопшти дека во дом во гратчето Селебрејшн пронајдени се четири тела, а едно лице е во притвор.

Полициските истражувачи ги пронашле телата во домот, но не соопштија на кој начин се усмртени или со какви обвинувања се соочува лицето, кое е притворено.

Идентитетот на жртвите нема да биде објавен додека не биде извршена обдукција на телата.

Според тврдењата на еден сосед лицето кое е притворено живеело во таа куќа со своето семејство.

Градчето Селебрејшн што значи „прослава“ на англиски јазик се наоѓа во близина на Дизни ресортот на Флорида, а изграден е од компанијата Волт Дизни на почетокот на 90-тите години од минатиот век.

Коронавирус