понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 17
home Вести

УЖАС ПО 18-ТИОТ РОДЕНДЕН: Девојче се самозапали затоа што не го добила посакуваниот подарок

УЖАС ПО 18-ТИОТ РОДЕНДЕН: Девојче се самозапали затоа што не го добила посакуваниот подарок

Млада студентка од Индија изврши самоубиство така што се самозапали, бидејќи нејзиниот татко не и го купил мобилниот телефон кој го сакала за нејзиниот 18 роденден.

Малата (18) од Колатура, град кој се наоѓа на југот на Индија го прослави својот роденден со роднините и пријателите, била расположена и среќна, сè до моментот кога гостите си заминале.

-Само што си заминале пријателите го прашала татко ѝ дали за роденденот го купил мобилниот телефон кој  го ветил. Таткото се обидел да ѝ објасни дека моментално немале доволно пари и дека мобилниот телефон ќе го добие следниот месец. Таа отишла во својата соба, ја заклучила вратата и се запалила, раскажал полицаецот и додаде дека ја одвеле во болница, но таму подлегнала на здобиените повреди.

Малати сакала да има мобилен телефон, бидејќи сите нејзини пријатели имале и користеле социјални мрежи. На нејзиниот татко му рекла дека ѝ е потребен за да може да разменува материјали со колегите, а полицијата вели дека всушност таткото на Малати не сакал таа да има телефон.