четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ужас кој го згрози светот: Злоставувале над 350 деца во домови, хоророт трае 50 години

Ужас кој го згрози светот: Злоставувале над 350 деца во домови, хоророт трае 50 години

Стотици деца биле злоупотребени во домови и згрижувачки семејства, според истрагата спроведена во округот Нотингемшир, јави Би-Би-Си.

Властите во Нотингем и округот Нотингемшир објавија дека е откриено дека децата доживеале физичко малтретирање и силување и дека имало над 350 пријави од 1960 година.

Независна комисија утврдила сексуализирано однесување на вработени во социјални служби и дека тоа било „толерирано или игнорирано“.

Во тој извештај се вели дека тоа е најголем број на пријави за сексуална злоупотреба во една истрага и дека се очекува бројот на случаи на злоупотреба да биде поголем. Независна истрага откри дека злоупотребата траела неколку децении и дека голем број на деца биле подложени на насилство заради недостаток на одговор од властите.

Откриено е дека немало „исцрпни истраги“ во врска со тврдењата дека дел од старателите го сториле делото и дека „локалните власти поверојатно ја преземале страната на вработените во домовите, неверувајќи во обвинувањата на децата“.

Членови на комисијата ги критикуваа вработените во домот Бичвуд во градот Маперлеј поради „закани кон децата и насилство“, а сексуализираното однесување кон децата е „толерирано или игнорирано, а злоставувачи напредувале во службата“. Во документарец на Би-Би-Си дел од децата во домот изјавиле дека злоставувањето се случувало речиси секојдневно.

Шеснаесет вработени во домови за  деца се осудени за сексуална злоупотреба меѓу 1970 и 2019 година, како и десет згрижувачки родители кои сексуално злоупотребувале деца над кои имале старателство. (МИА)

Коронавирус