вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 79
home Вести

Ужас кој го вознемири светот: 50 жени со своите деца држени во ропство

Ужас кој го вознемири светот: 50 жени со своите деца држени во ропство

Израелската полиција уапси рабин, осомничен дека држел десетици жени во ропство во ерусалимска населба, каде живеат претежно ултраортодоксни Евреи.

Осум жени, осомничени дека соработувале со него, исто така се уапсени.

-Полицијата истражува дали водачот на тој култ на ултраортодоксни Евреи ги злоставувал жените и нивните деца. Постои сомнение дека жените биле „сексуално експлоатирани“ и дека некои, наводно, морале да ги стават рацете во оган „за да видат како е во пеколот“, пренесоа израелските медиуми.

Се верува дека имало околу 50 жени во култот, а околу дваесет веќе се сослушани од полицијата. Истрагата почна пред неколку година, а неодамна беше обновена откако некои жени побегнале и го пријавиле рабинот во полиција. Благодарејќи на нивните сведочења, полицијата дошла до нови докази дека постои комуна на ултраортодоксни Евреи, кој дејствува под закрила на женски семинар. Таму жените живееле со своите деца во пренатрупани станови, во лоши санитарни услови, а 60-годишниот „водач на семинарот“, според одредени назнаки, системски ги злоставувал. (МИА)