петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 189
Во живо

Централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Штип

home Вести

УЖАС КОЈ ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ: Жива ја запалија затоа што пријавила сексуално вознемирување!

УЖАС КОЈ ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ: Жива ја запалија затоа што пријавила сексуално вознемирување!

Нусрат Јахан Рафи ја полеваат со керозин и ја палат во нејзиното школо во Бангладеш – затоа што пријавила сексуално малтретирање. Датумот е 6-ти април. Не пред 700 години. Пред помалку од две недели.

Нејзината храброрст да зборува против сексуалната злоупотреба, нејзината смрт пет дена откако ја запалиле и сè што се случило во периодот измеѓу, го потресуваат Бангладеш и во фокусот на вниманието ја ставаат ранливоста на жртвите на сексуално малтретирање во земјата.

Кога се прашувате зошто луѓето беснеат дека „чудно ме погледна” се води како сексуално малтретирање, еве ви зошто. Затоа што се одвлекува вниманието од реалните проблеми како овој, ужасно грозен, ужасно поразителен проблем на денешното човештво.

Нусрат имала 19 години, живеела во Фени, мало гратче на околу 160 километри од Дака. Учела во исламско школо. На 27-ми март, според нејзиното сведочење, во канцеларија ја викнал директорот на школото и постојано ја допирал на неприкладен начин. Пред да ескалираат работите – избегала.

Многу девојчиња и млади жени во Бангладеш бираат да ги чуваат ваквите искуства во тајност од страв дека ќе ги осуди општеството или нивните семејства. За жал, излегува дека и со право. За разлика од останатите, Нусрат не само што решава дека ќе каже, туку оди и во полиција.

Во станица, наместо да добие чувство на безбедност и простор да каже што има, полицаецот ја снима со неговиот телефон, па ѝ кажува „големо чудо, де.” Подоцна видеото стигнува до социјалните мрежи.

Нусрат Јахан Рафи доаѓа од мал град, конзервативно семејство и религиозно школо. За девојче со ваков бекграунд, пријавување на сексуално малтретирање доаѓа со последици. Жртвите често се соочуваат со осуда од нивната заедница, со малтретирање лично и онлајн, а во некои случаи и со насилство. Нусрат доживеала сè по список.

На 27-ми март, откако била во полиција, го уапсиле директорот. Група луѓе се собрале на улица да бараат да се ослободи. Протестот го организирале двајца ученици (машки), а учествувале и локални политичари. Луѓето почнале да ја обвинуваат Нусрат. Семејството почнува да се грижи за нејзината безбедност

На 6-ти април, 11 дена после наводниот сексуален напад, Нусрат оди во школо да полага завршни тестови.

Брат ѝ раскажува дека сакал тој да ја однесе до школо и да ја внесе, но го спречиле.

Според нејзината изјава, една соученичка (значи соученичКА!!!) ја одвела до покривот на школото, со изговор дека некој нејзин другар го тепаат. Кога Нусрат стигнала до покривот, ја опколиле четири-пет луѓе, во бурки и ѝ вршеле притисок да ја повлече пријавата против директорот. Кога одбила, ја запалиле.

ЈА ЗАПАЛИЛЕ.

Шефот на полицијата кажал дека убијците сакале да изгледа како самоубиство, но не им успеало бидејќи Нусрат била спасена откако тие избегале. Успеала да даде и изјава пред да умре.

„Еден од убијците и ја држел главата со раце, па не стигнал керозинот до таму. Затоа и не ѝ изгорела главата,” вели шефот на полицијата за Бибиси.

Кога ја однеле во локалната болница, докторите откриле изгореници на 80% од телото. Не можеле да ја третираат, па ја пратиле на медицинскиот колеџ во Дака. Чувствувајќи дека нема да преживее, на пат кон болницата, снима изјава на телефонот на брат ѝ.

„Директорот ме допираше, ќе се борам со ова до последен здив,” се слуша на снимката. Ги идентификувала некои од напаѓачите како ученици во нејзиното школо.

Умира на 10-ти април. Тинејџерка од овој век, умре како последица на палење жива, затоа што се осмелила да каже нешто.

Илјадници биле на погребот.

Полицијата има уапсено 15 луѓе, од кои седум наводно се вмешани во убиството. Меѓу нив се и двајцата ученици што го организирале протестот. Директорот е сè уште во притвор. Полицаецот што ја снимал Нусрат е преместен.

Премиерката Шеик Хасина се сретнала со семејството на Нусрат и ветила дека сите што биле вмешани ќе ги стигне правда.

„Кога жената се обидува да добие правда за сексуално малтретирање, мора да се соочи со уште малтретирање. Вака е со години, општеството напаѓа, нема доволно волја кај полицијата да ги истражи обвиненијата како што треба,” вели Салма Али, адвокат за човекови права и поранешна директорка на Асоцијацијата на адвокатки. „Тоа ја води жртвата кон откажување од барање правда. На крајот, криминалците не ги казнуваат и го повторуваат делото. Други не се плашат да го направат истото заради вакви примери.”

Во 2009-та, Врховниот суд во земјата нареди сите училишта и образовни институции да креираат простор и програма кои ќе овозможат учениците да се пожалат од сексуално малтретирање, но многу малку школи го прифаќаат ова. Активистите сега бараат ова да влезе во закон за да се заштитат студентите.

„Инцидентот нè потресе, но како што сме виделе и досега, ваквите инциденти се забораваат со време. Мислам дека нема да има којзнае каква промена после ова. Мораме да видиме дали ќе победи правдата,” вели професорката Кабери Гајен од Универзитетот во Дака. „Промената мора да дојде и психолошки и преку закон. Свеста за сексуалното малтретирање треба да се вметне уште од детството и во училиштата. Мораат да знаат што е правилно, а што не, кога се работи за сексуално малтретирање.”

ИЗВОР: ОФФНЕТ

 

Коронавирус