сабота, 30. јули 2022. Вести денес: 20
home Вести

Ужас кој денес го вознемири светот: Безживотни тела на 17 млади лица најдени во ноќен клуб

Ужас кој денес го вознемири светот: Безживотни тела на 17 млади лица најдени во ноќен клуб

Во ноќен клуб во пристаништето во источен Лондон во Јужна Африка се откриени тела на најмалку 17 млади луѓе, соопшти денеска локалната полиција.

Жртвите се на возраст меѓу 18 и 20 години, изјави полицискиот претставник Тембинкоси Кинана, додавајќи дека во тек е истрага за околностите во кои тие настрадале.

Телата се пронајдени во клуб во населбата Синери Парк.

На социјалните мрежи кружат фотографии од клубот на кои се гледаат телата на жртвите без видливи повреди.

Голем број луѓе се собраа недалеку од клубот во Источен Лондон, милионски град   на околу 700 километри јужно од Јоханесбург.

Коронавирус