сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 50
home Вести

Ужас кој денес го потресе светот: Најмалку 20 мртви и десетици повредени по експлозија на локомотива (ВИДЕО)

Ужас кој денес го потресе светот: Најмалку 20 мртви и десетици повредени по експлозија на локомотива (ВИДЕО)

Најмалку 20 лица загинаа, а десетици се повредени во денешниот пожар на железничката станица во египетската престолнина, Каиро.

Според очевидците, пожарот избувнал кога залетана локомотива се забила во челичната преграда на крајот од колосекот и експлодирала.

„Сите почнаа да трчаат, но многумина загинаа кога експлодираше локомотивата. Видов најмалку десетина мртви тела“, изјавил едел од очевидците.

Причните за несреќата сè уште се во фаза на истрага, а на социјалните мрежи веќе се појавија првите видео материјало од пожарот.