четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

УЖАС: Ајкула уби турист во познато летувалиште

УЖАС: Ајкула уби турист во познато летувалиште

Aјкула усмрти чешки турист во водите во близина на египетско одморалиште на Црвеното Море, објавија локалните власти.

„Инцидентот се случил во четвртокот, 20 километри северно од Марса Алам, популарна нуркачка точка, каде што има ајкули“- информираше портпаролот, Атеф Вагди.

Локалните медиуми претходно објавија дека делови од телото се пронајдени на плажа во Марса Алам.

„Чешката амбасада во Египет и египетското Министерство за здравство соработуваат со цел телото во најбрз можен рок да му биде предадено на семејството“- додаде Вагди.

Во 2015 година германска туристка загина при напад на ајкула во речиси истиот дел од Црвеното Море.

Друга Германка смртно настрадала во 2010 година, а претходните години четири туристи беа тешко повредени во напади на ајкули долж брегот на Шарм ел Шеик, најпопуларното египетско летувалиште.

Коронавирус