вторник, 25. јуни 2019. Вести денес: 17
home Вести

Утврдено од што починале мајката и двете ќерки во Виена

Утврдено од што починале мајката и двете ќерки во Виена

Полицијата во еден стан во Виена ги пронашла мртвите тела на Весна М. (45), како и нејзините 18-гидишни ќерки близначки, а со аутопсија е утврдено дека мајката и ќерката починале од глад.

– Извршена е обдукција,. Како што сега стојат работите, првичните рзултати укажуваат на тоа дека смртта на трите женски лица настапила како резултат на тоа што неколку дена воопшто не консумирале храна, односно од состојба на глад“, изјавил портпаролот на полицијата во Виена, Патрик Мајерхофер.

Се претпоставува дека смртта настапила кон крајот на март или почетокот на април оваа година, а телата биле пронајдени откако загрижените пријатели на семејството ги алармирале пожарникарните служби и полицијата.

Соседите на мајката Весна М, тврделе дека станува збор за психички болна личност, а дека речиси никој не доаѓал да го посети семејството.