понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 19
home Вести

Утврден идентитетот на бомбашот самоубиец кој усмрти 149 лица во Пакистан

Утврден идентитетот на бомбашот самоубиец кој усмрти 149 лица во Пакистан
epa06885812 People shift injured victims of a suicide bomb attack that targeted an election campaign rally of Balochistan Awami Party in Mastung, to a hospital in Quetta, Pakistan, 13 July 2018. At least 48 people including Siraj Raeesani, a BAP leader and party's candidate for General Elections, were killed in the incident. This is the third attack with casualties in ongoing campaigning for the general and provincial elections on Jul. 25, in which 105 million Pakistanis are expected to vote, according to the Election Commission of Pakistan. EPA-EFE/JAMAL TARAQAI

Сторителот на самоубиствениот бомбашки напад на 13 јули, кој уби 149 жртви на предизборна средба во југозападен Пакистан, е џихадист кој поминал најмалку две години во Авганистан, каде што војувал против силите на меѓународната коалиција, соопштија пакистанските власти.

 За нападот во провинцијата Белуџистан одговорноста ја презеде Исламската држава. Тој беше последниот од серијата слични напади против предизборни средби во кампањата за парламентарните избори закажани за 25-ти јули.

Идентификацијата на бомбашот самоубиец била извршена преку ДНК тест. Станува збор за Пакистанецот Хафиз Наваз. Неговите родители потврдија дека нивниот син бил во Авганистан во последните две години „за џихад против меѓународната коалиција”, која ја поддржува авганистанската влада.

Се смета дека Наваз нападот го подготвил со помош на соучесници, по кои се трага. 

МИА