вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 43
home Вести

Уште три тела откриени под урнатините, се зголемува бројот на жртви во Магнитогорск

Уште три тела откриени под урнатините, се зголемува бројот на жртви во Магнитогорск

Бројот на загинати при уривање на станбен блок во рускиот град Магнитогорск се искачи на 16, откако под урнатините беа откриени уште три тела, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Повеќе од 20 луѓе се уште се водат како исчезнати по експлозијата на системот за гас, што предизвика уривање на зградата на 31 декември.

Експлозијата предизвика уривање и оштетување на 48 станови во станбениот блок.

МИА

Коронавирус